Утрински Весник
Спорт

Која е разликата помеѓу Надал, Ѓоковиќ и Федерер и другите тенисери?

Во второто коло на Вимблдон, Рафаел Надал го совлада Рикардас Беранкис со 3:1 во сетови. На прес-конференцијата по мечот, Шпанецот зборуваше за разликата меѓу него, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ и другите тенисери.

„Не сакам да бидам арогантен, но мислам дека она што нè разликува Федерер, Ѓоковиќ и мене од другите е тоа што победивме дури и кога играме лошо“, изјави Надал и дополни.

„Тоа е клучно за еден тенисер. Секој победува кога игра добро бидејќи разликата помеѓу играчите не е толку голема. Важно е да победиш кога играш лошо. Затоа што, ако изгубите, нема да настапувате следната недела. А кога победуваш играјќи лошо, набргу играш нов меч“.

Надал, утре, во третото коло, ќе игра против Италијанецот Лоренцо Сонего.

> Која е разликата помеѓу Надал, Ѓоковиќ и Федерер и другите тенисери? <

Можете да прочитате

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација