Утрински Весник
Спорт

Гатузо би можел да ја напушти Валенсија

Три недели по потпишувањето на двегодишниот договор и преземањето на тренерската функција во Валенсија, поранешниот италијански репрезентативец Џенаро Гатузо размислува да го напушти клубот, тврдат италијански извори. Причината е што клубот финансиски не може да ги следи неговите барања.

Нешто слично Гатузо направи во летото 2021 година, кога по само две недели ја напушти Фиорентина, поради несогласувањата со клупските челници околу можните засилувања.

Медиумите во Италија досега клубот на Гатузо, досега не му исполнил ниту една желба. Сите играчи што ги побарал биле прескапи за Валенсија.

Станува збор за играчите на наполи, Диего Деме и Матео Политано, ветеранот од Уругвај, Единсон Кавани, а последна желба на Гатузо бил един Џеко.

Откако се повлече од играњето во 2010 година, Гатузо почна да работи како тренер во 2012 година, во Сион во Швајцарија, потоа се пресели во Палермо, ОФИ Крит и Пиза.

После тоа, светскиот шампион со Италија ги предводеше Милан (2017-2019) и Наполи (2019-2021), со кој го освои Купот на Италија во 2020 година, но не успеа да се пласира во Лигата на шампионите.

> Гатузо би можел да ја напушти Валенсија <

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Македонската химна ечи во ,,Борис Трајковски” ракометарите во поход кон победа против Фарски острови

Адеми погоди Динамо Загреб слави нова шампионска титула

МЗТ Скопје без проблеми стаса до финалето во мак-баскетот каде ќе ја брани титулата