Утрински Весник
Свет

(Видео) Бајден направи нов гаф – ги измеша имињата на две земји

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по завршувањето на самитот на НАТО во Мадрид повторно направи грешка, погрешно велејќи дека неутрална Швајцарија влегува во НАТО – наместо Шведска, пишуваат агенциите.

Според нивните написи, американскиот лидер брзо се поправил, шегувајќи се дека мора да е возбуден поради процесот на проширување на алијансата.

На крајот од самитот на НАТО во Шпанија, тој, како што пишуваат медиумите, го опишал процесот со кој двете нации поднеле барање за прием во НАТО по инвазијата на Путин на Украина. Најпрво пристигнало барањето од лидерот на Финска, со кое тој барал да ја посети Белата куќа.

„Добивме телефонски повик. Тој предложи да го повикаме лидерот на Швајцарија“, рече Бајден.

„Швајцарија, Боже мој, јас сум многу возбуден поради проширувањето на НАТО“, додал тој.

Медиумите анализираат дека Бајден е познат по своите гафови, кој своевремено сам себе се нарекувал „машина за гафови“.

Можете да прочитате

Директорот на компанија им исплатил 240 милиони долари бонуси на вработените

Трамп за документите на Епштајн: „Ова е лов на вештерки“

Силен руски напад со суперсонични ракети врз Киев