Утрински Весник
Македонија

Мишел за францускиот предлог: Сега е време да кажеме да

Претседателот на Еворпскиот совет, Шарл Мишел го поздрави изнаоѓањето на решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија. Тој напиша на Твитер дека решението ќе го отвори патот за започнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

„ Решението се однесува на изразената загриженост. Најблиску сме што некогаш сме биле: сега е време да кажеме да“ напиша Мишел.

Францускиот претседател Емануел Макрон од Мадрид изјави дека е најдено компромисно решение за спорот. Од Владата пак соопштија дека добиле предлог идеи од француското претседателство, за кои сега треба да се консултираат најпрвин во Владата и со коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата.

Можете да прочитате

Фатен на дело: 57-годишен маж подметнал пожар во Ѓорче Петров

Бујар Османи: Размислувам за кандидатура за Чаир

Најавен дожд и пад на температурите од 10 степени, еве кога се очекува