Утрински Весник
Спорт

Трета „жртва“ на Ковид-19 на Вимблдон: Баутиста – Агут мораше да се повлече

Проблемите за организаторите на престижниот тениски турнир Вимблдон ги создава вирусот Ковид-19. Откако пред два дена поради позитивни тестови на Ковид-19, Хрватот Марин Чилиќ и Италијанецот Матео Беретени мораа да го напуштат турнирот, трета „жртва“ е шпанскиот тенисер Роберто Баутиста-Агут.

„Го известив Вимблдон околу моето повлекување бидејќи сум позитивен на Ковид-19. За среќа симптомите не се сериозни, но мислам дека ова е најдобрата одлука. Благодарам на поддршката и се надевам дека ќе се вратам брзо“, напиша Баутиста-Агут.

Шпанецот денеска во второто коло требаше да игра против Колумбиецот Галан-Риверос кој директно обезбеди пласман во следната рунда.

> Трета „жртва“ на Ковид-19 на Вимблдон: Баутиста – Агут мораше да се повлече <

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство