Утрински Весник
Свет

Бајден: Путин го наруши мирот во Европа, сега ние стапува на сцена

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Џо Бајден најави ново распоредување на американски војници во Европа.

„ Путин го наруши мирот во Европа. САД и нивните сојузници стапуваат на сцената, докажувајќи дека НАТО е понеопходен и поважен од кога било“, порача тој од Мадрид.

Американскиот претседател изјави и дека САД ја менуваат позицијата на моќ во Европа врз основа на заканите кои доаѓаат од Русија. Тој потврди дека САД ќе го зголемат бројот на разурнувачите во Шпанија од четири на шест, пренесува „Ројтерс“.

Тој изјави дека Вашингтон ќе испрати две дополнителни ескадрили Ф-35 во Велика Британија и ќе го формира штабот на 5-та армија во Полска.

„ САД ќе го зајакнат своето воено присуство во Европа за да може НАТО да одговори на заканите кои доаѓаат од сите правци и од сите области – копно, воздух и море“, рече тој.

Самитот на НАТО, на кој се собираат повеќе од 40 шефови на држави и влади, почна синоќа во Мадрид, а неговиот работен дел се одржува денеска. Самитот, на кој меѓу централните теми ќе биде војната во Украина, завршува утре. По вчерашното турско укинување на ветото, Шведска и Финска ќе можат да влезат во НАТО.

Можете да прочитате

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија

ЕДНО ПРАШАЊЕ ОСТАНА НЕРЕШЕНО: Трамп и Зеленски блиску до договор за Украина

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно