Утрински Весник
Македонија

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари

Вчера на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во организација на Одделението за превенција во СВР Скопје беше одржана трибина на тема „Значењето на превенцијата за справување со пожари на отворено во летниот период“.

Основна цел на овие превентивни активности се заштита и зачувување на шумските и останати површини од пожари, заштита на земјоделско земјиште, ливади, пасишта од пожари, подигање на свеста на граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните и градење партнерство.

На трибината присуствуваа претставници на ЈП „Национални шуми“, претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, претставници на Шумска полиција, претставници од Противпожарната бригада на град Скопје, професори и студенти на Шумарскиот и Природно-математички факултет. Тие земаа активно учество на трибината со свое видување за значењето на превенцијата на пожари и можноста на нејзино кординирано применување на сите институци со вклучување на заедницата.

Оваа трибина е дел од активностите на Одделението за превенција на СВР Скопје, кои ќе продолжат во текот на летниот период на локации на излезите на магистралните и регионалните патишта, како места со голема фрекфенција на возила и луѓе на подрачјето на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа

Левица: Бившиот советник од ДПМНЕ, Синадиновски , на платен список на лотарија -45.000 € за чистење парк и гледање фудбал