Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Власта спроведува насилство врз пратеници за да дефокусираат од тајните преговори во Софија

Насилие, физичка пресметка, недоличен речник е вистинската слика за криминалната власт на СДСМ И ДУИ, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ по случувањата во Собранието, како што претходно информираа од опозициската партија на социјалните мрежи.

„На лудилото на власта и нема крај. Граѓаните денес беа сведоци на вистинското лице на насилниците на ДУИ И СДСМ како физички нападнаа свои колеги мавајќи со чаши по нив. Наместо СДСМ да го осуди ваквото насилничко однесување на Арбер Адеми застана во одбрана на насилството и го поддржа ваквото скандалозно однесување“, пишуваат од партијата на Мицкоски.

СДСМ И ДУИ, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, денес во Собранието демонстрираа сила и предизвикаа инцидент за да се дефокусира јавноста од она што тајно денес го реализираат.

Неспособната власт, оценуваат од оваа партија, сака да ја дефокусира јавноста од тајните преговори кои денес се водат во Софија за предавствата на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ.

„Ваквите мрачни сценарија нема да им поминат. Премногу е!“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт