Утрински Весник
Свет

Воз удри во локомотива во Чешка, едно лице загина а пет лица се повредени

Во Чешка се случи железничка несреќа во која едно лице загина, а пет се повредени. Според „Euro news“, несреќата се случила рано утринава во Бохумин, набрзо откако брзиот воз тргнал кон Прага.

Возот директно се судрил со локомотивата за која се уште не се знае дали се движела или стоела во моментот на несреќата. На лице место загинал машиновозачот со голема брзина, пренсува медиумот.

Повредени се четворица вработени во чешката железница кои биле во локомотивата, како и уште еден работник од возот, пишува медиумот.

Чешката служба за инспекција за безбедност на железницата соопшти дека брзиот воз бил на погрешна пруга во моментот на несреќата и дека несреќата можела да биде предизвикана од човечка грешка.

Можете да прочитате

Велика Британијa: Нема да одиме во војна со Иран

Лавров верува дека ЕУ очекува Србија да се вклучи во војната во Украина

Шест болници во Иран евакуирани