Утрински Весник
Свет

Песков: Ќе побараме нови пазари и така ќе ги заобиколиме санкциите на злато

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вели дека потезите на земјите членки на Г7 за забрана на руското злато се незаконски и потенцира дека ќе побараат нови пазари за да ги заобиколат санкциите.

„Пазарот со благородни метали е глобален. Прилично е голем, опширен и разнолик“, вели Песков, го цитира „Интерфакс“.

Тој вели дека „ако пазарот ја загуби својата привлечност како резултат на недопустливите одлуки, ќе дојде до пренасочување таму каде што побарувачката е поголема“.

Велика Британија, САД, Канада и Јапонија одлучија на состанокот на Г7 во Германија да го забранат увозот на руско злато во новите пакет-мерки кон Москва поради нејзините санкции кон Украина.

Извозот на злато е втор најголем извор на приходи за Русија. Годишно произведуваат меѓу 350 и 380 тони од овој драгоцен метал.

Можете да прочитате

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат