Утрински Весник
Македонија

637 санкционирани возачи на мотоцикли

Во периодот од 20.6.2022 до 26.6.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 637 возачи.

Од нив, 418 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 115 возеле без возачка дозвола, 17 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Бугарската министерка од Брисел: Без уставни измени нема напредок за Македонија

Врховен суд ќе одлучува дали Жаклина Доведен ќе биде изземена од случајот со петгодишното дете

Камион усмрти пешак на регионалниот пат Градско – Велес