Утрински Весник
Економија

Шпаркасе Банка – Супербренд за 2022 година

Најдобрите и највлијателни брендови во Македонија и оваа година се одликувани со глобалната награда Супербрендс, а Шпаркасе Банка се закити со престижното признание – Супербренд во категоријата финансиски институции за 2022 година.

Супербрендс е меѓународна организација, која има за цел да ги препознае одличните брендови на различни пазари и да ја промовира културата на брендирање. Во организација на Супербрендс Македонија секоја година се одбираат најсилните брендови во нашата земја, а учество во изборот им е овозможено само на најуспешните од секоја област.

Шпаркасе Банка годинава за првпат е прогласена за Супербренд во категоријата финансиски институции во земјата, исполнувајќи ги четирите основни критериуми неопходни за добивање на оваа награда: квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност на корисниците кон брендот.

– Се гордееме со фактот што Шпаркасе Банка ќе го носи знакот на Супербренд за 2022 година и напорите на Банката да создаде бренд што е препознатлив и создава силна емотивна врска со своите клиенти, резултираа со плод, па така Банката претставува синоним на традиција, квалитет, сигурност и одговорност во перцепцијата на нашите клиенти. Нашето мото „Верувај во себе“ не е само формално, туку мото зад кое суштински стоиме. Макотрпната работа, цврстото верување во нашиот бренд и посветеноста кон клиентите, остануваат наша трајна определба, а оваа награда ќе ни биде дополнителна мотивација да работиме во насока на стекнување уште поголема доверба кај клиентите и зголемување на базата на задоволни и лојални клиенти – изјави Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Изборот на најдобрите и најсилни брендови го организира и го надгледува меѓународната организација Супербрендс, глобален авторитет во сферата на брендингот. Изборот се спроведува во повеќе од 90 земји низ светот и во него досега учествувале над 22.000 различни брендови. Во процесот на избор учествува стручно жири со голем број внимателно одбрани експерти со свои оценки, како и потрошувачите.

Изборот за Супербренд на Македонија за 2022 година е уште една потврда за зацврстувањето на брендот на Шпаркасе Банка како препознатлив бренд што создава доверба кај потрошувачите, како и стремежот да биде прв избор на банка за клиентите. Главна цел на Банката останува понуда на квалитетна услуга и иновативни производи, со цел подобрување на корисничкото искуство и задоволство на нашите клиенти, кои се во фокусот на работењето.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

ПР

Можете да прочитате

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

ССКМ демантира дека Претседателот Ангеловски демантира дека е разрешен, обвинува за фалсификат