Утрински Весник
Свет

Белорусија од Русија ќе добие ракетен систем „Искандер-М“

Dik 300x250 mk

Русија ќе испрати проектили способни да носат нуклеарни боеви глави во Белорусија во следните неколку месеци, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Во следните месеци ќе пренесеме тактички ракетни системи Искандер-М во Белорусија, кои можат да користат балистички или крстаречки ракети во нивните конвенционални и нуклеарни верзии“, рече Путин.

Тој понуди и надградба на белоруски воени авиони.

„Многу Су-25 (авиони) се во служба на белоруската армија. Тие би можеле соодветно да се надградат“, рече Путин, додавајќи: „Оваа модернизација треба да се изврши во фабриките за авиони во Русија и соодветно да започне обуката на персоналот“, рече тој.

„Ќе се договориме како да го постигнеме тоа“, додаде Путин.

Лукашенко минатиот месец изјави дека неговата земја купила од Русија ракети Искандер со нуклеарни способни и противвоздушни ракетни системи С-400.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп