Утрински Весник
Свет

Норвешкото разузнавање: Пукањето во Осло е терористички акт на радикален исламизам

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Норвешките разузнавачки служби задолжени за борба против тероризмот објавија дека го третираат како акт на радикален исламизам пукањето во кое беа убиени две лица, што се случи во саботата вечерта во бар посетуван од ЛГБТ популацијата во земјата.

Осомничениот е уапсен веднаш по нападот во кој загинаа две лица, а 21 беа повредени. Тој имал долга историја на насилство и закани, а на властите им бил познат од 2015 година кога произлегла нивна загриженост за неговата радикализација и припадност на мрежа на исламски екстремизам, рече шефот на разузнавачката служба Роџер Берг на прес-конференција.

Полицијата претходно соопшти дека се работи за 42-годишен норвешки државјанин со иранско потекло кој им бил познат од порано, но за полесни кривични дела. Според Берг, разузнавачките служби разговарале со него минатиот месец, но не оцениле дека имал насилни намери.

Се додава и дека имал проблеми поврзани со менталното здравје. Нападот се случи во ноќниот клуб London Pub во центарот на градот во саботата вечерта. Се пукало и на други места во близина. Нападнатиот ноќен клуб е популарен меѓу ЛГБТ заедницата.

Граѓаните кои се нашле на местото на настанот помогнале во апсењето на напаѓачот, за што полицијата им се заблагодарила.

Полицијата извршила претрес во станот на напаѓачот и биле запленети две парчиња огнено оружје. Сите индиции, тврдат од полицијата, се дека напаѓачот дејствувал сам и претходно одлежал неколку месеци затвор за дела поврзани со дрога.

Разузнавачките служби го подигнаа нивото на закани во земјата поради нападот во Осло.

Објавено видео од нападот.

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД