Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски ги рушеше државните позиции во спорот со Бугарија

Откако пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, прво што треба да направат е да се извинат кон јавноста за тоа што влеваа страв и несигурност,  велат од СДСМ преку соопштение.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговорност од Мицкоски за тоа што ги рушел државните позиции во спорот со Бугарија, лажејќи дека се продавал идентитетот, јазикот и историјата.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираа невистини, лажни вести преку кои дома ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, а надвор ги поткопуваа државните позиции. Таквиот однос е неодговорен на штета на државните позиции и национални интереси. Крајно време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се променат и да застанат на страната на државата, на граѓаните, да ги поддржат државните позиции во односите со Бугарија наместо да ги поткопуваат.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски ќе продолжи да ги брани државните позиции и национални интереси, без разлика на тоа како ќе постапуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Осомничен за производство на марихуана во Ајватовци, ОЈО Скопје поведе истрага

Хотел ,,Ембла” ќе биде домаќин на ВМ Класик Рели – Запад

СДСМ: Нов ден нов скандал на власта, дали со ПР и манипулации власта ја крие неспособноста да се справи со пожарите?