Утрински Весник
Македонија

Од 1.067 ковид тестови, 91 е позитивен – нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.067 тестови, а регистриран е 91 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 65, Куманово – 8, Битола – 6, Охрид – 4, Прилеп и Кавадарци – по 2, Тетово, Велес, Гостивар и Штип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (91), регистрирани се 23 реинфекции.

Регистрирани сe 67 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 8, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.073.238 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.050, бројот на оздравени пациенти е 303.354, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 374.

Можете да прочитате

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул

Неработен ден утре по повод Рамазан Бајрам