Утрински Весник
Спорт

Помошникот му го „искрши“ Бугатито на Роналдо!

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Еден од двата луксузни автомобили кои Кристијано Роналдо ги донесе на Мајорка за семејниот летен одмор бил вклучен во сообраќајна несреќа на шпанскиот остров, откако неговоот „Бугати вејрон“, возено од негов вработен се судрил во градчето Са Кома.

Инцидентот се случил во 11 часот наутро, и иако локалната полиција го испитува случајот, засега нема официјален коментар. Возачот не бил повреден, но предниот дел на автомобилот вреден 2 милиони евра е оштетен.

Кристијано со неговата партнерка Георгина Родригез и неговите пет деца отпатуваа на одмор на островот на 14 јуни и таму се сместени во подножјето на планината Трамунтана, а португалската ѕвезда на Манчестер јунајтед со себе понесе два скапи автомобили (Бугати вејрон и Мерцедес Г-класа) од богатата колекција, како и неговата супер-јахта.

> Помошникот му го „искрши“ Бугатито на Роналдо! <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата