Утрински Весник
Спорт

Лејкерси ќе се обидат да го ангажираат Бредли Бил

Бредли Бил, кошаркарот на Вашингтон Визардс, наскоро би можел да го облече дресот на Лос Анџелес Лејкерс.

Доколку Бил реши да остане во Вашингтон, ќе има можност да добие супермакс договор од 242 милиони долари, додека во случај на заминување ќе може да потпише договор за „само“ 179 милиони.

Мајами се заинтересирани за Бил, а според американските медиуми, поточно новинарот Ринџер Кевин О’Конор, голема желда да го ангажираат 29-годишникот покажале и Лејкерси.

Засега не се знае дали тоа значи дека тој ќе потпише договор и ќе замина од Вашингтон, а во Визардс би се вратил Расел Вестбрук, или Бил ќе стигне до Лејкерси преку трејд на три тима. Генералниот менаџер на Лејкерси, Роб Пелинка, наводно бил подготвен да направи се за да го донесе Бил во Лос Анџелес.

> Лејкерси ќе се обидат да го ангажираат Бредли Бил <

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот