Утрински Весник
Македонија

Во Црна Гора се удави 22-годишно момче од Македонија

Млад човек од Македонија се удави вчера околу 18 часот на плажата Утјеха, објави црногорскиот портал Primorski.me.

Според информациите на порталот, 22-годишнoто момче вчера пристигнало во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде требало да работи.

На телото немало траги на насилство.

Треба да се утврди причината за смртта. Обвинителот ќе нареди обдукција.

Можете да прочитате

НАЈНОВИТЕ АНАЛИЗИ ПОТВРДИЈА: Водата во Скопје е безбедна за пиење

Драматична состојба со пожарите: 21 активен, неколку и на подрачјето на Скопје

25 години од Охридскиот рамковен договор – Владата утре со свечена седница