Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Граѓаните не го поддржаа митингот на ВМРО-ДПМНЕ, слаба посетеност и слаба организација

Помпезно најавуваниот протест на ВМРО-ДПМНЕ издиша, граѓаните може да видат слаба посетеност и слаба организација, реагира вечерва владејачката партија.

„Наместо масовен протест како што најавуваше ВМРО-ДПМНЕ денеска пред владата дојдоа соработниците на Мицкоски и партиски вработените кадри во општините раководени од градоначлници на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните во градовите во внатрешноста сведочат на откажани автобуси и комбиња за организиран превоз за што доказ се бројните видеа и фотографии објавени во медиумите и по социјалните мрежи.

Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоси знае само да брани криминал и да носи штета на државата, затоа денеска како и многу пати претходно ја нема поддршката на граѓаните.

Граѓаните на Скопје, но и ширум државата, не го поддржаа Христијан Мицкоски и тоа е факт со којшто ќе мора да се соочи“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Во прилог на партиското соопштение од СДСМ испратија фотографии од, како што велат, слабата посетеност.

 

Можете да прочитате

МЗ за починатото тригодишно дете: Комисијата констатирала дека сите постапки биле навремено и уредно извршени во болницата во Кавадарци

Левица: Кафич во сопственост на заменик-министерка од Вреди добил 9.000 евра од Општина Чаир – од компромитираната ДКСК само молк

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор на АНБ