Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Францускиот предлог за кревање на ветото ќе пристигне во Скопје откако ќе се усогласат земјите-членки

Img 5587

Францускиoт предлог за кревање на бугарското вето се’ уште не е пристинат во Скопје, а би пристигнал дури откако земјите-членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, ќе се усогласат, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања на Преспа форумот за дијалог во Охрид.

Ковачевски образложи дека предлогот го даваат земјите-членки на ЕУ бидејќи ние сме држава која сака да се зачлени.

Ss1

Врз основа на предлогот што тие ќе го усогласат, вели Ковачевски, истиот кога ќе биде подготвен и ако биде усогласен помеѓу сите земји-членки ќе биде доставен до нас и тогаш ќе ги дадеме нашите забелешки.

Според Ковачевски, во евентуалното решение за спорот ќе мора да има гаранции дека тоа ќе бидат последните барања на Бугарија. Тој повтори дека нема да има разговори за  македонскиот јазик и за македонскиот идентитет.

За политичката криза во Бугарија, Ковачевски рече дека за разлика од кај нас, во Софија прашањето за Северна Македонија се користи за политички поени.

Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјави за медиумите по Преспа форумот рекоа дека и македонската страна треба да го прифати францускиот предлог за одблокирање на евроинтеграциите на Македонија од страна на Бугарија и да достави свои забелешки во Брисел.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ