Утрински Весник
Спорт

„Кралевите“ подготвија нов договор за Винисиус Жуниор

Бразилецот Винисиус Жуниор (21) зад себе ја има една од најдобрите сезони во кариерата. На патот до титулата шпански првак за Реал Мадрид тој постигна 17 гола и дури 13 пати им асистираше на соиграчите. Покрај тоа, тој го постигна и победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, со што Реал по 14-ти пат стана европски шампион.

Раководството на Реал Мадрид подготви нов и многу подобар договор за бразилскиот ас. Винисиус досега заработуваше околу 3,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе има годишна плата од 10 милиони евра.

Единствената дилема е времетраењето на договорот. Претставниците на играчот и раководството на Реал Мадрид треба финално да се договорат дали „дилот“ ќе биде со важност до 2026 или до 2027 година.

> „Кралевите“ подготвија нов договор за Винисиус Жуниор <

Можете да прочитате

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп