Утрински Весник
Свет

Захарова: Смртната казна е јасен пример за сите платеници

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека смртните казни им се изречени на странски борци во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) „јасен пример за другите платеници кои се борат за Украина“.

„Таква остра казна се чини дека е јасен пример за сите други платеници кои се борат на страната на украинските неонацисти или само имаат намера да им се придружат, бидејќи ова е злосторство против цивилното население во Донбас“, нагласи Захарова, пренесе ТАС С.

Двајца Британци и еден Мароканец, кои се бореле на украинската страна, беа осудени на смрт од судот на ДНР под обвинение дека се платеници, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Кина започна специјална поморска операција во близина на Тајван

САД планираат надомест за штети за сојузниците во Перискиот Залив од ирански средства

Мнозинството Британци не сакаат укинување на правилата за Брегзит