Утрински Весник
Магазин

Лејди Гага во преговори да глуми во продолжение на „Џокер“ како мјузикл

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лејди Гага е во рани преговори да глуми во продолжението на „Џокер“, кое треба да биде мјузикл.

Ѕвездата на „Куќата Гучи“, наводно, треба да ја преземе улогата на Харли Квин – која ја глумеше Маргот Роби во филмовите „Одред самоубијци“ од 2016 и 2021 година.

Хоакин Феникс го играше насловниот лик во „Џокер“ (2019), но извори на „Холивуд репортер“ тврдат дека студиото „Ворнер Брос“ допрва треба да склучи договор за тој да глуми во продолжението.

Ако Гага го стави својот потпис за филмот, таа најверојатно ќе ја портретира Квин, која има насилна врска со главниот лик Џокер.

Извори, исто така, изјавија за публикацијата дека претстојниот проект е музички филм.

Филипс – кој го режираше оригиналниот психолошки трилер – работи на сценариото за продолжението со Скот Силвер, кој заедно со него го напиша првиот филм.

Првиот филм за Џокер беше огромен успех на киноблагајните, со заработка од над 1 милијарда долари, со буџет од 55 милиони долари.

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“