Утрински Весник
Свет

Абазовиќ: Црна Гора ќе продолжи да и’ помага на Украина во ова тешко време

Dik 300x250 mk

Црна Гора ќе продолжи да и’ помага на Украина во ова тешко време и хуманитарна катастрофа, изјави црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ во Киев.

Тој во Киев пристигна со неговиот албански колега Еди Рама, а како што потсетуваат од „Подгорица њуз“, Абазовиќ заминал во главниот град на Украина на покана на претседателот на таа земја, Володомир Зеленски.

„Пристигнавме во Киев со Еди Рама, за да обезбедиме искрена поддршка на своите граѓани во одбраната на правото на слобода. Црна Гора ќе продолжи да и помага на Украина во ова тешко време и хуманитарна катастрофа“, напиша Абазовиќ на Твитер.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим