Утрински Весник
Свет

Русите го контролираат поголемиот дел од Северодонецк

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај од своето разузнавање за ситуацијата во Украина.

Во новиот извештај се наведува дека по повеќе од еден месец тешки борби, руските сили го контролираат поголемиот дел од Северодонецк.

„Руските тактики на урбано војување, кои се потпираат на широката употреба на артилерија, создадоа голема колатерална штета низ градот“, се вели во извештајот.

Додаваат дека дел од украинските вооружени сили заедно со неколку стотици цивили се во подземни бункери во хемиската фабрика Азот.

„Руските сили најверојатно ќе бидат фиксирани во и околу Азот, додека украинските борци можат да преживеат под земја. Ова веројатно привремено ќе ја спречи Русија да ја пренасочи својата војска на друго место“, велат тие.

Заклучуваат дека тешко дека Русија очекувала толку силен отпор, односно толку долготраен и исцрпувачки конфликт.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад