Утрински Весник
Свет

Зеленски: Имаме доволно друго оружје, испратете ни со долг дострел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика да се испрати повеќе оружје со долг дострел за да може да се спротивстави на руските сили.

„Имаме доволно друго оружје. Но, немаме доволно од оние што навистина можат да погодат далечни руски цели, кои ни требаат да одговараат на руската воена опрема“, им рече Зеленски на новинарите, а пренесува Би-би-си.

Претходно овој месец Обединетото Кралство потврди дека испраќа ракети со долг дострел во Украина за прв пат од почетокот на руската инвазија.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад