Утрински Весник
Економија

(Видео) Георгиевска: Пари за поголеми плати и пензии, нови редизајнирани мерки со ребалансот на Буџетот

Во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието започнува расправата по предлог ребалансот на Буџетот за 2022 година. Станува збор за важен документ кој има за цел да обезбеди продолжување на досегашните мерки и политики за справување со последиците од светската економска криза. Преку одговорен пристап преку овој Ребаланс се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и стопанството, изјави на денешната прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Таа додаде дека на овој начин се обезбедуваат 76 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството, како и дополнителни 52 милиони евра за поддршка на земјоделците, за раст на платите и пензиите. Тоа значи дека во буџетот се обезбедени средства за нови таргетирани мерки за помош, за усогласување на платите на буџетските корисници со растот на минималната плата, како и за зголемување на пензиите од септември, согласно новата усвоена методологија.

Георгиевска истакна дека и во време на криза Владата и парламентарното мнозинство преку одговорни мерки и политики успева економијата да ја задржи на стабилни основи и таа да остане ликвидна.

Таа ги повика сите пратеници од сите пратенички групи да дадат придонес преку конструктивна дебата и предлози да се вклучат во носењето на овој ребаланс затоа што тоа е битно и за граѓаните и за нашата економија.

Како парламентарно мнозинство досега сме докажале дека имаме слух за барањата од опозицијата, преку прифаќање на оние амандмани кои биле издржани и биле во насока на унапредување на стандардот на граѓаните. Очекуваме опозицијата да ги стави интересите на граѓаните на прво место и дека наместо со блокади и кочења, ќе придонесе со аргументирана дебата и конструктивност при носењето на ребалансот, изјави Георгиевска.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот