Утрински Весник
Свет

„Сипри“: Светскиот нуклеарен арсенал веројатно ќе расте

Нуклеарните арсенали ширум светот се очекува да растат во наредните години, за прв пат по Студената војна, а ризикот од користење на такво оружје е најголем во изминатите неколку децении, соопшти денеска Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (Сипри).
„Руската инвазија на Украина и западната поддршка за Киев ги зголемија тензиите меѓу деветте нуклеарни сили“, објави „Сипри“, пренесува „Ројтерс“.

Иако бројот на нуклеарно оружје малку се намали меѓу јануари 2021 година и јануари 2022 година, „Сипри“ наведува дека, доколку не се преземат итни дејствија од страна на нуклеарните сили, бројот на боевите глави наскоро би можел да се зголеми.

„Сите нуклеарни сили се зајакнуваат, го подобруваат својот арсенал и повеќето ја заоструваат својата нуклеарна реторика и улогата што нуклеарното оружје ја игра во нивните воени стратегии. Ова е многу загрижувачки тренд“, рече директорот на „Сипри“, Вилфред Ван.

Шведскиот институт наведува дека бројот на нуклеарни боеви глави паднал на 12.705 во јануари 2022 година, во споредба со 13.080 во јануари 2021 година.

Околу 3.732 нуклеарни боеви глави се подготвени за употреба на проектили и авиони, а околу 2.000, од ​​кои речиси сите припаѓаат на Русија или на САД, се во состојба на висока готовност, пренесува медиумот.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад