Утрински Весник
Свет

Подољак објави список на оружје што ѝ е потребно на Украина за да се стави крај на војната

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак денеска објави список на оружје кое, како што тврди, ѝ е потребно на Украина за да ја заврши војната.

„Ќе бидам директен – ни треба тешко оружје за да ја завршиме војната: 1.000 хаубици од 155 милиметри, 300 повеќецевни фрлачи (MLRS), 500 тенкови, 2.000 оклопни возила и 1.000 беспилотни летала“, напиша Подољак на Твитер.

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак најави дека в среда, на 15 јуни, во Брисел ќе се одржи состанок на Контакт групата на министри за одбрана и дека Украина „чека одлука“, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Катарски танкер со гас помина низ Хормуз

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина