Утрински Весник
Свет

Зеленски: Украинските војници жестоко се борат за секој метар од Северодонецк

Украинските војници жестоко се борат за „секој метар“ од Северен Доњецк, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски, во време кога руските сили уништија мост на реката, оставајќи им на цивилите само еден излез, пренесе Ројтерс.

Северодонецк стана епицентар на големите битки за контрола на украинскиот регион Донбас, а руската војска го освоила поголемиот дел од градот.

– Клучната тактичка цел на окупаторите не е променета: го напаѓаат Северодонецк, таму се водат силни борби, буквално на секој метар – рече Зеленски во видео-обраќањето.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик