Утрински Весник
Свет

Поранешен британски војник загина во битката за Северодонецк

Поранешниот британски војник, Џордан Гетли, загинал во борбите во Украина, соопшти денеска неговото семејство.

Според Би-би-си, Гетли, кој ја напуштил британската армија во март годинава, загинал во битката за источниот град Северодонецк, место на интензивни борби во последните денови.

Во објава на „Фејсбук“, неговиот татко Дин соопшти дека Џордан отишол да се приклучи на, како што рече, отпорот на руската инвазија на Украина и да помогне во обуката на локалните сили.

Тој наведе дека неговиот син бил убиен на првите линии на одбрана на Северодонецк.

Семејството на починатиот изјави дека Џордан бил херој и дека засекогаш ќе остане во нивните срца.

Џордан Гетли е вториот Британец кој загина од почетокот на конфликтот во Украина, откако Скот Сибли го загуби животот во април.

 

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад