Утрински Весник
Спорт

Мартин Стојанов од Брегалница направи трансфер во Бугарија

Еден од најдобрите фудбалери на Брегалница, Мартин Стојанов, кариерата ја продолжува во бугарскиот прволигаш Септември Софија.

По денешните лекарски прегледи во Софија, Стојанов и официјално е промовиран во новиот дрес, најавен од бугарскиот клуб како огромно засилување за новата сезона.

„Може да го потврдиме трансферот на Мартин Софија во Септември Софија, на начин за дополнителен негов фудбалски развој. Кога почнавме со проектот ФК Брегалница една од основните цели и стратегии заедно со сопственикот беше промоцијата на млади фудбалери и потоа нивен трансфер надвор од Македонија. Сето тоа како начин за активен придонес во развојот на нивните кариери, но и секако од интерес и на македонскиот фудбал“ – вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев по завршувањето на трансферот на Мартин Стојанов.

> Мартин Стојанов од Брегалница направи трансфер во Бугарија <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина