Утрински Весник
Спорт

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Роберт Левандовски

Манчестер Јунајтед се вклучува во трката за полскиот напаѓач Роберт Левандовски. Тој има договор со Баерн Минхен до јуни 2023 година, но сака да си замине ова лето.

Полскиот напаѓач минатата сезона одигра 46 натпревари за Баерн Минхен во сите натпреварувања и постигна 50 гола, забележувајќи и седум асистенции.

Приоритет на Левандовски му е трансфер во Барселона, но сериозен интерес за него има од Манчестер Јунајтед, Челси и од ПСЖ.

Сопругата на Левандовски, Ана, е против негова преселба во Челси, бидејќи не сака да живее во Лондон.

> Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Роберт Левандовски <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk