Утрински Весник
Македонија

(Видео) Рама на Шолц му го претстави Ковачевски како премиер на идната Западна Бугарија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Солун вчера со одржа самит на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) на кој присуствуваа лидерите од регионот, но и германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

По состанокот беше организиран вечера од страна на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

На снимка од коктелот пред вечерата може да се види како Мицотакис му го претставува Ковачевски како премиер на Северна Македонија, при што од позадина пристапува албанскиот премиер Еди Рама кој, како на шега, дофрла дека Ковачевски е премиер на државата која во иднина ќе биде Западна Бугарија.

Оваа забелешка предизвика смеа кај присутните, а се насмеа и премиерот Ковачевски.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари