Утрински Весник
Македонија

Деветмина дилери приведени во близина на основно училиште во Тетово

Во кругoт на основно училиште во Тетово, вчера нешто по 21 часот, полицијата лишила од слобода деветмина дилери на возраст од 18 до 28 години.

Како што информираат од МВР, во непосредна близина на лицата биле пронајдени и одземени 21 ќесичка со марихуана.

Станува збор за Ш.Л.(24), Т.А.(24), Д.Б.(18), Е.Е.(22), В.Л.(19), А.Е.(25), А.Ш.(24), Л.Л.(28), сите од Тетово и Џ.М.(22) од тетовското село Стримница.

По извршена проверка исто така било констатирано дека 28-годишниот Л.Л. се барал и по судска наредба за издржување на затворска казна.

Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот против сите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Пациент скршил стакло на шалтер и нападнал вработени и полицаец во болницата во Тетово

Демографијата не се спасува со „мамо роди ми братче” – Левица предлага закон за отпис на 20% од станбениот кредит по новороденче

Владата ги усвои измените на Законот за јавни набавки – исполнет чекор од Реформската агенда за поголема транспарентност, квалитет и ефикасност