Утрински Весник
Македонија

Шолц: Лично ќе се заложам за преговорите да започнат

Германија е сериозна за евроинтеграцијата на државите од регионот, а ова особено важи за Северна Македонија, рече германскиот канцелар, Олаф Шолц, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата во Скопје.

Како што нагласи тој, ЕУ кон Северна Македонија има дадено ветување, а земјата ги исполнила сите предуслови за почеток на пристапните преговори.

Германскиот канцелар истакна дека лично ќе се заложи да се случи следниот чекор.

„Пристапните преговори треба да започнат и јас ќе се заложам за тоа. Ја охрабрувам Северна Македонија да продолжи ангажирано по патот на реформите“, рече Шолц.

Билатералните односи меѓу двете земји ги оцени не само како политички, туку и економски, разновидни и блиски.

Тоа, како што кажа, е плус причина зошто Германија ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

Можете да прочитате

ДУИ: Правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница