Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со можност за локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно, со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 23 степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови и за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град.

Од вторник ќе настапи стабилизација со пораст на дневната температура.

Можете да прочитате

Приведен скопјанец, ја врзал сопругата за дрво во шума и ја тепал

Пациент скршил стакло на шалтер и нападнал вработени и полицаец во болницата во Тетово

Демографијата не се спасува со „мамо роди ми братче” – Левица предлага закон за отпис на 20% од станбениот кредит по новороденче