Утрински Весник
Спорт

Алонсо во недела ќе го урне рекордот на Шумахер

Фернадо Алонсо в недела, на трката за Големата награда на Азербејџан, ќе влезе во историјата на Формула 1. Двократниот светски шампион во Баку ќе стане возач со најдолга кариера.

Алонсо првата трка во кариерата ја возеше во Австралија, во 2001 година, што значи дека во недела ќе се навршат 21 година, три месеци и осум дена откако прв пат се појави на гридот.

Шпанецот ќе го престигне Михаел Шумахер чија кариера траеше точно 21 година и три месеци. Да потсетиме, Германецот се повлече од Ферари во 2006 година и се врати четири години подоцна во Мерцедес и возеше до 2012 година.

Алонсо, од друга страна, ја напушти Формула 1 во 2018 година, се натпреваруваше на Индијанаполис 500 и релито Дакар, а по две години се врати во натпреварувањето кое во 2005 и 2006 година го заврши како шампион.

До крајот на сезоната, Шпанецот ќе може да урне уште еден рекорд. На 2.октомври, во Сингапур тој ќе го престигне Кими Раиконен и стане возач со најмногу трки во историјата. Раиконен во кариерата возеше 349 трки.

> Алонсо во недела ќе го урне рекордот на Шумахер <

Можете да прочитате

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот