Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Сирија тврди: Израел нападна цели јужно од Дамаск, повредено е едно лице

300x250 opst2

Сириските воени претставници соопштија дека Израел утринава нападнал цели јужно од главниот град Дамаск, објавија сириските државни медиуми.

Израелски авиони наводно извршиле напад јужно од Дамаск рано утринава. Сириски воен претставник изјави за државните медиуми дека системите за противвоздушна одбрана успеале да ги спречат повеќето напади, но дека ударите предизвикале повреда на еден цивил, како и материјална штета.

Израелските напади почнаа околу 4 часот наутро со неколку проектили истрелани од Голанската висорамнина кон јужен Дамаск, објавија сириските државни медиуми.

Ова беше втор воздушен напад што му се припишува на Израел оваа недела. Доцна во понеделникот навечер, сириските државни медиуми објавија дека израелски проектили биле насочени кон позиции на сириската армија исто така јужно од Дамаск, предизвикувајќи материјална штета, но нема жртви,пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Најмалку 350 туристи спасени по снежна бура на Монт Еверест

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура