Утрински Весник
Свет

Пукање во фабрика во САД, има загинати

Во новото масовно пукање во Америка, овој пат во фабриката во Мериленд, биле застрелани и убиени неколку луѓе, јавуваат локалните медиуми.

Пукањето се случило во фабриката Колумбија Машин, која произведува калапи и опрема.

Според канцеларијата на локалниот шериф, неколку луѓе биле застрелани околу 14.30 часот по локално време, а напаѓачот „повеќе не е закана“.

Тој беше застрелан и ранет во конфликт со полицаец од државата Мериленд, а сега е во болница. Неговата состојба се уште не е позната.

Канцеларијата на шерифот исто така соопшти дека има „повеќе жртви“, пренесуваат американските медиуми.

Можете да прочитате

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест