Утрински Весник
Свет

Огромен пожар во Шпанија, илјадници евакуирани

Поради шумски пожар во планините на југот на Шпанија евакуирани се три лица и повредени тројца пожарникари, јавува „Ројтерс“.

Пожарот избувнал вчера попладне на падините на планината Пујера во Сиера Бермеха. Тоа е заднина на градовите Малага и Марбеја, познати туристички центри.

Службите за итни случаи поставиле шатори во градот Бенахавис, град со околу 8.000 жители, од кои 2.000 се евакуирани. Сепак, повеќето евакуирани нашле засолниште кај роднини или во хотели.

Тројца пожарникари се тешко повредени.

„За жал, мораме да известиме дека тројца пожарникари се здобија со изгореници од различни видови, а еден од нив има изгореници на 25 отсто од телото и моментно се лекува во болница во Малага“, изјави за новинарите челникот на Андалузија, Хуанма Морено.

Уште еден шумски пожар го опустоши истиот планински венец во септември минатата година, претворајќи во пепел најмалку 7.780 хектари шума и грмушки за неколку дена. На теренот тогаш излегоа околу 1.000 пожарникари.

Можете да прочитате

Турција: Продолжен притворот на Имамоглу и на 104 лица обвинети за корупција

САД ја укинаа рутинската вакцинација на новороденчињата против хепатит Б

Ја извадил главата од споменикот на Тито и ја ставил во автомобил