Утрински Весник
Свет

Путин: На ​​Запад инфлацијата ја нарекуваат со моето име

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека Западот веќе ја нарекува инфлацијата по него и додаде дека растот на цените во западните земји е резултат на нивните грешки и тоа, како што кажа, долгорочни.

„Ако некој се обиде нас да ограничи на некој начин – се ограничува себеси. Тие се обидуваат, условно, да го ограничат извозот на нашето ѓубриво, а нивните цени скокнаа повеќе од нашите. Се обидуваат да ги ограничат нашите енергенси – цените повторно вртоглаво пораснаа. Таму веќе ја нарекуваат инфлацијата со моето име, а ние немаме апсолутно никаква врска со тоа“, рече рускиот претседател, а пренесе „Спутник“.

Тој додаде и дека без суверени одлуки една држава не може да опстане.

Според Путин, ако една држава не е способна да носи суверени одлуки, тогаш таа е колонизирана и нејзините шанси да преживее во ваква жестока геополитичка борба практично не постојат.

Можете да прочитате

Путин оди во дводневна посета на Кина

САД се закануваат со воена интервенција поради блокадата на Ормускиот теснец

Масовен руски напад со беспилотни летала: Украина собори 269 од 294 авиони