Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со амбасадорот на Кина, разговарано за економските предизвици на земјата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Џанг Ѕуо.

На средбата, како што информираат, се разговарало и за економските предизвици кои ја засегаат земјата, но и светот и дека само зголемена соработка на економско поле и отворени економии може да придонесат за што побрзо оставање на кризата зад нас.

На средбата станало збор и за лошото управување на државата од страна на СДСМ и ДУИ, што е причина за големата инфлација и сиромаштијата која е се поприсутна.

Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која е спремна по наредните предвремени парламентарни избори да ја води државата и да ја извади од кризата.

На средбата било потенцирано и дека Македонија е земја која својата иднина ја гледа во ЕУ, и е посветeна на тој процес.

Можете да прочитате

СДСМ: Со Мицкоски нема судски реформи, неговата цел е партизирано судство

(Видео) Хорор во поликлиниката „Јане Сандански“, канализација тече во лабораторијата

Мицкоски за условната пресуда за случајот Онкологија: Со вакви одлуки, судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми