Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс денеска се мажи

Бритни Спирс и нејзиниот свршеник Сем Асгари ќе се венчаат денес на интимна церемонија со само 100 гости, но нејзините родители и сестра нема да присуствуваат, открива „ТМЗ“.

40-годишната поп-ѕвезда (Oops!… I Did It Again) и 28-годишниот актер и фитнес-професионалец ќе разменат завети пред околу 100 луѓе.

Не се знае дали брат ѝ Брајан ќе биде присутен, но сигурно е дека нејзините родители Џејми и Лин Спирс и сестра ѝ Џејми Лин нема да присуствуваат, додава порталот.

Истиот извор пишува дека не е јасно кој ќе ја донесе до олтарот.

Во видеоклип што таа го објави на инстаграм-приказни во средата, ѕвездата добитничка на „Греми“ и нејзиниот свршеник се возат во „ролс-ројс“. Таа пие шампањ.

Бритни и Сем се свршија во септември минатата година.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 29 Јуни 2026 година

Почина Сашо Миленковски – човекот што остави неизбришлива трага во македонскиот театар

Вака изгледаше летувањето во Југославија – без телефони и без стрес