Утрински Весник
Економија

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ се бори за интересите на оризопроизводителите,повторно е поднесен Предлог закон за стокови резерви

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не престанува да се бори за интересите на оризопроизводителите. Иако, СДСМ и ДУИ веќе еднаш го одбија нашиот Предлог закон за стокови резерви, повторно го поднесовме, овој пат по скратена постапка и истиот веќе е на дневен ред на 74та седница на Собранието на Република Македонија, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека со измените на Законот за стокови резерви кои ги поднесовме, се предлага оризот да добие третман на производ од посебно значење и да стане дел од производите кои ги сочинуваат стоковните резерви.

Со ова, Агенцијата за стокови резерви ќе може да работи со оризот како со другите култури и ќе овозможи пазарните вишоци да бидат откупени од страна на државата. Преку ова ќе имаме зголемен откуп и реални пазарни цени на оризот.

Време е да престане неодговорниот однос на министерот Љупчо Николовски и на Владата на Ковачевски, кои што ги доведоа оризопроизводителите во катастрофалната состојба и поради тоа е неопходна брза и решителна акција на Собранието.

За крај, би сакал уште еднаш да упатам порака до парламентарното мнозинство, да ги тргнат настрана партиските игри. Живееме во тешки времиња за сите граѓани и да дадат поддршка на овој закон кој што значително ќе им помогне на оризопроизводителите, изјави Лефков.

Можете да прочитате

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

УЈП на средба со стопанствениците од Прилеп и со субјектите кои закупиле штандови за манифестацијата „ ПИВО-ФЕСТ 2025“

Дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата, оди на усвојување во Собранието