Утрински Весник
Спорт

Академија Пандев почна со летни подготовки

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев ги стартуваше летните подготовки во пресрет на учеството во Конференциската лига на УЕФА. Тренерот Ѓорѓе Стојчев и раководството се уште го формираат тимот за следната сезона, а ново засилување е интернационалецот од Франција, Мака Гакоу кој игра на левата бековска позиција.

Договорени се и пријателски натпревари за темпирање на формата пред европската авантура.

Првиот тест Академија Пандев ќе го има на 17. јуни кога во Скопје ќе одигра пријателски меч со тимот на Балкани од Косово. Два дена подоцна тимот ќе замине на подготовки во Банско, Бугарија, каде што се закажани пријателски мечеви со Черно Море (21 јуни), со Левски Софија (25 јуни) и со тимот на ЦСКА 1948 (29 јуни).

> Академија Пандев почна со летни подготовки <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk