Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Правдата ги победи белиот дворец и епските криминали на ВМРО-ДПМНЕ

Пресудата за „Талир 2“ е нова потврда за епските граници на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска по судската одлука портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Како што рече тој, ова е победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто во историјата на правото во државата.

„Со судска пресуда е докажано белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните.

ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови“, истакна Каевски.

Тој нагласи дека деталниот урбанистички план три пати бил менуван за ВМРО-ДПМНЕ добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел.

„По правосилноста на пресудата, белиот дворец треба да се продаде и парите да се вратат онаму каде што припаѓаат, кај оние од коишто се одземени, а тоа е се граѓаните“, порача партискиот портпарол.

Тој нагласи дека освен заплена на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за виновни се прогласени и Никола Груевски и Кирил Божиновски, генерален секретар на партијата во тоа време.

„До ден денеска Мицкоски не само што се нема оградено од криминалот на неговиот ментор Никола Груевски, туку истиот по секоја цена го брани.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е криминална партија и натаму управувана од осуден криминалец, Никола Груевски“, кажа Каевски додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија за која е докажано дека криминално го стекнала своето седиште, од денеска веќе нема образ да зборува за ништо друго.

Можете да прочитате

19 годишниот Адис Бела бил мета на вечерашното пукање?!

(Обновено) Едно лица рането во пукањето во Чаир

(ВИДЕО) Врие специјалци во Чаир – има пукање и повредени