Утрински Весник
Спорт

Погба се договорил со Јувентус

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Францускиот фудбалер Пол Погба ги договорил условите од договорот со Јувентус, а во торинскиот клуб би требало да заработува 8.000.000 евра годишно. Погба има договор со Манчестер Јунајтед до 30. јуни 2022 година.

Италијанскиот спортски весник „Кориере дело спорт“ пишува дека францускиот фудбалер веќе ги поминал лекарските прегледи.

Погба на 1 јули треба да потпише тригодишен договор со Јувентус со можност за продолжување на уште една сезона.

Италијанските медиуми потсетуваат дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед имал понуди од Реал, Пари Сен Жермен, Манчестер Сити и Челзи, но решил да се врати во клубот каде пружи врвни игри.

Тој во 2016 година замина од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра, а сега торинскиот клуб се враќа без обеsштетување.

> Погба се договорил со Јувентус <

Можете да прочитате

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата