Утрински Весник
Македонија

Двајца тетовци фатени како пренесуваат 40 мигранти

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица, рано утрово, околу 4:30 часот, кај место викано Табла кај селото Богородица ги лишиле од слобода А.З. (24) и Ј.С. двајцата од тетовското село Копачин Дол.

Како што информираат од МВР, при извршена контрола на товарно возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З., во кое совозач бил С.Ј. биле пронајдени 40 мигранти (30 од Пакистан, 6 од Авганистан и 4 од Индија).

Поради сомнение за извршено кривично дело криумчарење на мигранти, возачот и совозачот се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мигрантите се пренесени во прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.

 

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан

Можете да прочитате

Во акциска контрола во Битола, МВР казни 58 возачи на мопеди и електрични тротинети

ВЛЕН: 24 месеци сме во служба на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија за да не си ги наруши личните релации со нив